Зимата е во пол ек и сите помалку или повеќе го искористија овој период за да заминат на зимски одмор. Избор обично паѓа на некоја планина и искористувањето на зимските спортови: санкање, скијање, бордање и слично.
Македонските јавни личности деновиве се на зимување, некои во Македонија, а некои во соседството. И додека Катарина Ивановска се забавува на Маврово, Лоба, Лилиќ и Брејк уживаат во познати ски-центри во Србија и Бугарија.
Иако календарски веќе е зима и владеат ниски температури, надвор се уште немаме снежна покривка или барем не на пониските места. Оние кои се љубители на зимата и снегот, ја подготвија зимската опрема, куферите и заминаа некаде на зимување.