Кристијано Роналдо имаше едноставна, но силна порака по првата победа на Португалија на годинашното фудбалско Светско првенство (СП) во вторникот, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП). „Се вратив“, рече тој директно пред телевизиската камера.
Светското првенство веќе пишува историја како прво мундијалско издание со 48 репрезентации, но покрај новиот формат, вниманието го привлекуваат и фудбалерите што и во петтата деценија од животот продолжуваат да играат на највисоко ниво.
Со двата гола синоќа, Кристијано Роналдо постигна голови за Португалија на 11 Светски и Европски првенства. Двата гола од синоќешниот меч со Узбекистан на тековното Светско првенство значеа ефикасност на 11 големи турнири на кои настапи португалскиот супер-стар.

Португалија направи голем чекор кон нокаут-фазата на Светското првенство, а доколку продолжи со победничката серија, фудбалските фанови би можеле да добијат спектакл каков што светот долго го посакува – нов дуел меѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси.