Изминатиот период најголеми постигнувања во здравствениот систем се направени во пристапот до лекови, Итната медицинска помош и ургентната медицина, во зачеток се суштинските работи во регионализацијата. Треба многу повеќе да направиме во радиодијагностиката, онкологијата, ...
Има отпор на Клиниката за онкологија и на дел од клиничките болници каде што треба да се децентрализира терапијата, меѓутоа, работиме со раководство во тие установи тоа да биде решено час поскоро, рече министерот за здравство Сашо Клековски.
Министерот за здравство учествуваше на работилницата каде што беа презентирани резултатите од Националната проценка на квалитетот, подготвена во соработка со СЗО Македонија (WHO Macedonia) и Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи (АКАЗУМ).
Мора да има дополнителна работа на лекарите вработени во јавното здравство, меѓутоа не вака хаотична, анархична и со многу можности за злоупотреби. Жестоко ќе се залагаме да се спречи работењето на лекарите без договор во приватни здравствени установи, истакна денеска министерот ...