Возач на камион од Македонија загина синоќа во сообраќајна несреќа на автопатот кај Лесковац, потврдија за агенцијата Бета во Полициската управа во тој град. Несреќата се случила околу 01,50 часот кога камионот се превртел и потоа се запалил.
Возач на камион го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила ноќеска на автопатот кај селото Печењевце, во близина на Лесковац, објави српски „ Телеграф “. Службите за итна помош добиле драматична пријава во 2:00 часот по полноќ.
Кабината целосно изгорела, а во неа спасувачите го пронашле безживотното тело на македонскиот државјанин М.Ј. Македонски возач загина во тешка сообраќајна несреќа кај Лесковац во Србија, откако неговиот камион излетал од автопатот, се превртел и бил зафатен од силен пожар.