Останаа ли родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ сами? Тие вчера го одржаа 46. протестен марш испраќајќи порака дека ништо не може да ги поколеба да ја бараат правдата. До последен момент ќе се бориме за вистината, порачаа тие.
Попладнево во Кочани се одржа 46-тиот Марш за ангелите. Родителите и блиските роднини на дел од загинатите порачаа дека она што деновиве го гледале во судница – расправии, провокации и обиди вниманието да се оддалечи од суштината, не ги обесхрабрило, туку им е дополнителна ...
Здружението на граѓани „16-ти март 2025“ преку објава на социјалните мрежи го најави 46. „Марш на ангелите“, кој ќе се одржи утре (27 јуни) во Кочани. Маршот ќе започне во 18:05 часот од Паркот на Револуцијата, а од здружението порачаа дека и покрај високите температури и ...