Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично то дело н асилство во врска со синоќешната тепачка помеѓу навивачите на кошаркарските клубови МЗТ Скопје и Работнички во скопски Аеродром, кога едно лице беше сериозно повредено.
Полицијата го расчистува вчерашното насилство пред спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, каде што група навивачи физички нападнала други навивачи кои чекале да влезат на кошаркарски натпревар. Едно 16-годишно момче се здобило со тешки телесни повреди.
Фокус - SportSport - Независен - Скопје1 - Слободен Печат - Либертас
Осумнаесетгодишен скопјанец бил приведен поради учество во масовната тепачка што се случила пред спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, за време на кошаркарскиот натпревар меѓу екипите на КК „Скопје 2023“ и КК „Работнички“.
Секторот за внатрешни работи Скопје за кратко време го расчиши вчерашниот инцидент и насилство што се случи пред кошаркарскиот натпревар во Спортскиот центар „Јане Сандански“, кога дојде до физички судир меѓу ривалски навивачки групи, при што тешко беа повредени малолетни лица.
Расчистено е пред спортскиот центар „Јане Сандански“ по масовната тепачка што се случи вечерва на крстосницата меѓу булевар АСНОМ и улицата Васко Карангелевски во скопската населба Аеродром. Забележливо е засилено полициско обезбедување, а сообраќајот се одвива нормално.