По турнеи низ Австралија, Америка и Британија, Саш Мишевски настапува во Охрид и Скопје со шоуто „Total Spin Out“. Австралиско-македонскиот стендап комичар Саш Мишевски, познат како My Cousin Vlad, неделава за првпат настапува во земјата на своите корени со две целовечерни шоуа.
Пред да се посвети на комедијата, Саш Мишевски работел како агент за недвижности во Сиднеј, а својата публика прво ја градел со кратки видеа што ги снимал во автомобил. Исто така, бил и вокалист на рок бенд. Во оваа епизода на „Слободно со Агнеса“, седнавме на балканско мезе и ...