Тиквеш ќе ја започне европската авантура во првото коло од ЕХФ Европскиот куп , а за противник го доби луксембуршкиот тим Еш . Кавадарчани првиот натпревар ќе го одиграат на домашен терен на 12 или 13 септември, додека реваншот во Луксембург е закажан една недела подоцна.
Македонскиот женски ракометен првак ЖРК Ѓорче Петров ќе игра со чешката екипа Бањик Мост во 2. квалификациско коло во Европската лига (ЕЛ). Тоа е епилогот од вчерашната ждрепка влечена во Виена. Бањик во сезоната 2019/2020 испиша историја квалификувајќи се за групната фаза во ...