Снабдувањето со електрична енергија во Европската Унија (ЕУ) би можело да се соочи со тешкотии во наредните недели поради високите температури. За ова предупреди европскиот комесар за енергетика, Ден Јоргенсен., пренесоа медиумите.
Екстремните температури и рекордно ниските водостоји на реките создаваат дополнителен притисок врз електроенергетскиот систем во делови од Европската Унија, поради што снабдувањето би можело да биде отежнато во следните недели.

Европскиот комесар за енергија, Дан Јоргенсен вели дека засега безбедноста на снабдувањето со електрична енергија е стабилна и дека во моментов нема краткорочни ризици за снабдувањето, но предупреди дека се очекува ситуацијата да остане напната во наредните недели.
Високите температури и рекордно ниските нивоа на водата во Централна и Југоисточна Европа го оптоваруваат производството на електрична енергија и ја зголемуваат побарувачката, но безбедноста на снабдувањето е стабилна, иако се очекува ситуацијата да продолжи со недели, објави ...