Екстремно високите температури повторно ги отворија прашањата за безбедноста на работниците кои работат на отворено. Синдикатите предупредуваат дека во потрага по поголем профит, дел од работодавачите не ги почитуваат препораките за работа во услови на топлотен бран.
ССМ бара мерките за заштита од екстремните горештини да станат законска обврска, а не само препорака. Синдикатот предупредува дека работниците што работат на отворено се изложени на сериозни здравствени ризици, а дел од нив веќе паѓаат во несвест од високите температури.
Сојузот на синдикатите на Македонија ги потсетува работниците дека доколку не се почитуваат нивните права, тоа може да го пријават кај синдикалниот претставник , претставникот на работниците за безбедност и здравје при работа, во Државниот инспекторат за труд, како и во самиот ...
Во насока на справување со најавените високи температури, Сојузот на синдикатите на Македонија бара од работодавачите да ги почитуваат марките за безбедност и здравје при работа, да го намалат и исклучат работењето на отворено за работниците во најтоплите делови од денот, како и ...