Некои концерти не се паметат само по аплаузот, туку по тишината што доаѓа пред него. По оној миг кога публиката препознава дека не слуша само добри гласови, туку нешто подлабоко – сопствен јазик, сопствена меморија, љубовна песна што преживеала и сцени, и генерации, и времиња.
Исклучителните оперски имиња со интернационална уметничка кариера, Игор и Ана Дурловски, вечерва во 21 часот на сцената „Долни Сарај“ ќе настапат во рамки на фестивалот „Охридско лето“ заедно со камерниот оркестар „Ајга“ под диригентската палка на маестра Ана Спасовска.