Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за вториот круг од предвремените локални избори за општина Брвеница. Според податоците пристигнати до Државната изборна комисија, од вкупно 9 пријавени лица за гласање во казнено поправните ...
Во десет населени места во Општина Брвеница денеска се одржува втор круг од изборите за градоначалник. Првиот круг од изборите се одржа на 18 октомври, но ниту еден од шестмината кандидати не го доби потребното мнозинство.
– Вкупно 107 болни или немоќни лица и 9 лица кои се на издржување казна затвор можат да гласаат на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница што започна денеска во 7:00 часот, информираат од Државната изборна комисија (ДИК).
Вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница ќе се одржи утре, во недела, на 1 ноември. Денеска, пак, во населените места во општината своето право на глас го остваруваат болните и изнемоштените лица.