Арсенал даде само еден гол на гостувањето кај Нотингем форест, но и тоа беше доволно за актуелниот англиски првак триумфално да си замине. По седум одиграни кола, за Арсенал ова беше шеста победа и останува веднаш зад лидерот Манчестер сити кој има перфектни седум победи досега.
Арсенал со доста мака дојде до трите бода на „Сити Граунд“ и победи на натпревар на кој испрати само еден директен шут кон голот, а тоа беше оној на Нони Мадуеке кој со доста среќа заврши зад мрежата на Селс. Крилниот напаѓач се покажа како „џокер“ за Микел Артета во еден ...
Еберечи Езе доби ретка шанса да се најде во стартниот тим на Арсенал, но после само 45 минути одиграни на „Сити Граунд“, тој беше првата жртва на Микел Артета. Незадоволен од тоа што го гледа на теренот, шпанскиот стручњак реши да менува уште на паузата, а за да биде уште полошо ...