Министерката за образование Весна Јаневска денеска влезе во „инспекција“ во реновираниот дом „Стив Наумов“, каде ноќта студенти реагираа дека им протекувало од таванот, но и дека радијаторите биле премногу бучни.
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на критиките од СДСМ за условите во студентските домови, обвинувајќи ја опозициската партија дека со години не вложувала во нивното одржување и реконструкција, а сега се обидува да собира политички поени на сметка на студентите.
Вода што тече од плафони на соби и силна бука од системот за греење – ова се дел од проблемите со кои се соочиле студенти изминатата ноќ во неодамна реновираниот дом „Стив Наумов“ во Скопје. Платформата „Студентарија“ објави низа видеа, собрани од студентите од домот, на кои, ...