TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

(Видео) Србин во Цирих чекаше седум часа за да гласа, зад него останаа уште 500 луѓе во редот

Макфакс - пред: 12 часа

Големи редици се формираа пред избирачкото место во Цирих, каде што српски државјани со часови чекаат за да го остварат своето право на глас на денешните вонредни парламентарни избори во Србија. Александар Самсонов за Н1 изјави дека чекал дури седум часа пред да успее да гласа.

Тепачка и скршена гласачка кутија во Лесковац: На едно избирачко место ќе се гласа до 23 часот

24Инфо - пред: 11 часа

Гласањето на избирачкото место во месната заедница „Центар“ во Лесковац е продолжено до 23 часот, по прекинот предизвикан од инцидент меѓу членови на избирачкиот одбор. Одлуката ја донесе Градската изборна комисија, пренесе Нова.рс, повикувајќи се на ФоНет.

Затворени избирачките места во Србија

4NEWS - пред: 12 часа

Избирачките места во Србија се затворија во 20 часот, со што заврши редовниот дел од гласањето на предвремените парламентарни избори. Сепак, граѓаните кои во моментот на затворањето сè уште чекале во ред нема да го изгубат правото на глас.

Србија: Затворени избирачките места, но гласањето ќе продолжи за оние што чекаат во ред

ТВ21 - пред: 12 часа

Иако избирачките места во Србија официјално се затворија во 20 часот, граѓаните кои во тој момент биле во ред не го губат правото да гласаат. Според изборните правила, избирачките одбори мора да им овозможат да го остварат своето право на глас на сите избирачи кои во моментот на ...

Претседателот на избирачкото место во Нови Сад: Сите што чекаат во ред ќе гласаат

4NEWS - пред: 16 часа

Претседателот на избирачкото место 122 во Нови Сад, Владимир Марковиќ, за телевизијата Н1 изјави дека гласањето се одвива во најдобар ред. „Избирачкото место беше отворено навреме. Гласачи забележавме уште во 6:30 часот, кога првите пристигнаа за да чекаат и да го остварат ...

Доцнења на избирачките места во Белград, гласачите чекаат во редици со кафе, кифлички и книги

CivilMedia - пред: 1 ден

Долги редици пред гласачките места во Блок 45 во Нов Белград - гласачите трпеливо чекаат да го сотварат своето право на глас, веќе од 4 часот наутро (фото: Марко Маневски за ЦИВИЛ МЕДИА) Според најновите информации што Маневски ги добива од различни делови на Белград, на повеќе ...

Србија гласа: Во Блок 45 во Нов Белград граѓани чекаат во редици уште од 4 часот наутро

CivilMedia - 25.10.2026

Блок 45, Нов Белград, редица за гласање веќе од 4 часот наутро (фото: Марко Маневски) Ова е еден од првите теренски извештаи на ЦИВИЛ МЕДИА од денешните вонредни парламентарни избори во Србија. Избирачките места се отворени во 7 часот, а гласањето ќе трае до 20 часот.

Проблеми и пред да почне гласањето во Србија

Независен - пред: 23 часа

На повеќе избирачки места во Белград утрово има доцнења со почетокот на гласањето поради недостиг од изборен материјал и опрема. Според најновите информации што специјалниот известувач на ЦИВИЛ МЕДИА ги добива од различни делови на Белград, на повеќе избирачки места гласањето ...

(Видео) Србија гласа: Граѓани чекаат во редици уште од 4 часот наутро

Либертас - пред: 22 часа

Граѓаните во Блок 45 во Нов Белград почнаа да чекаат во долги редици за гласање уште од 4 часот наутро, дури три часа пред официјалното отворање на избирачките места, Ова е еден од првите теренски извештаи на ЦИВИЛ МЕДИА од денешните вонредни парламентарни избори во Србија.