Големи редици се формираа пред избирачкото место во Цирих, каде што српски државјани со часови чекаат за да го остварат своето право на глас на денешните вонредни парламентарни избори во Србија. Александар Самсонов за Н1 изјави дека чекал дури седум часа пред да успее да гласа.
Претседателот на избирачкото место 122 во Нови Сад, Владимир Марковиќ, за телевизијата Н1 изјави дека гласањето се одвива во најдобар ред. „Избирачкото место беше отворено навреме. Гласачи забележавме уште во 6:30 часот, кога првите пристигнаа за да чекаат и да го остварат ...
Маневски информираше за бројни пријави на неправилности, меѓу кои фотографирање гласачки ливчиња, недоследна употреба на спрејови и УВ-ламби, сомнежи за паралелни избирачки списоци и организирани активности за контрола на гласањето.
ЦИВИЛ МЕДИА од раните утрински часови на 25 октомври известува за вонредните парламентарни избори во Србија, со оригинални теренски информации од Белград, фотографии, видеосведоштва, анализи на излезноста и ексклузивни изјави за регионалното значење на изборите.
Ова се навистина впечатливи бројки. За само четири часа од отворањето на избирачките места, на гласање излегле повеќе од една четвртина од регистрираните избирачи. Пресметано според избирачкиот список, станува збор за приближно 1,76 милиони гласачи.
Првите податоци за излезноста го потврдуваат големиот интерес на гласачите. Според ЦеСИД и Ипсос, до 9 часот гласале 12 проценти од избирачите, наспроти 5,3 проценти во истиот период на изборите во 2023 година.
ЦИВИЛ МЕДИА од раните утрински часови на 25 октомври известува за вонредните парламентарни избори во Србија, со оригинални теренски информации од Белград, фотографии, видеосведоштва, анализи на излезноста и ексклузивни изјави за регионалното значење на изборите.
Долги редици пред гласачките места во Блок 45 во Нов Белград - гласачите трпеливо чекаат да го сотварат своето право на глас, веќе од 4 часот наутро (фото: Марко Маневски за ЦИВИЛ МЕДИА) Според најновите информации што Маневски ги добива од различни делови на Белград, на повеќе ...
Блок 45, Нов Белград, редица за гласање веќе од 4 часот наутро (фото: Марко Маневски) Ова е еден од првите теренски извештаи на ЦИВИЛ МЕДИА од денешните вонредни парламентарни избори во Србија. Избирачките места се отворени во 7 часот, а гласањето ќе трае до 20 часот.
На повеќе избирачки места во Белград утрово има доцнења со почетокот на гласањето поради недостиг од изборен материјал и опрема. Според најновите информации што специјалниот известувач на ЦИВИЛ МЕДИА ги добива од различни делови на Белград, на повеќе избирачки места гласањето ...
Граѓаните во Блок 45 во Нов Белград почнаа да чекаат во долги редици за гласање уште од 4 часот наутро, дури три часа пред официјалното отворање на избирачките места, Ова е еден од првите теренски извештаи на ЦИВИЛ МЕДИА од денешните вонредни парламентарни избори во Србија.