Македонските државјани кои се вработени во Германија, како и сите останати работници во оваа земја, би можеле да изгубат дел од досегашните привилегии доколку германската влада го прифати пакетот од 30 радикални мерки предложени од тамошната Пензиска комисија.
Покрај тоа, новиот усвоен план носи драстично продолжување на работниот век, па затоа границата за задолжително пензионирање прво ќе се помести на 69 години, а на крајот луѓето ќе мора да работат до неверојатната 70-годишна возраст.
Комисијата за пензии во Германија се согласи за пакет од вкупно 30 мерки што носат радикални и прилично радикални промени во пензискиот систем таму. Предлозите официјално ќе им бидат презентирани на федералниот канцелар Фридрих Мерц и министерот за труд Бербел Бас во вторник на ...