Арсенал започна една „невозможна мисија“. Топчиите тргнаа во обид да го доведат Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид, пишуваат светските медиуми. Тренерот на Арсенал, Микел Артета сака да доведе играч во офанзивниот ред, а аргентинскиот репрезентативец би бил вистински погодок.
Англискиот шампион Арсенал се наметна како главен фаворит за ангажман на аргентинскиот репрезентативец Хулијан Алварез, пренесува „Индипендент“. Како што е познато, напаѓачот неодамна јавно изрази желба да го напушти Атлетико Мадрид, а интересот за неговите услуги е голем.