Државната изборна комисија вечерва на седница соопшти дека во четири општини (Гостивар, Центар Жупа, Маврово-Ростуше и во Врапчиште) ќе се одржи прегласување затоа што не е исполнет цензусот на излезност.
Во четири општини каде што не се исполнети законските услови за излезност од законскиот минимум од една третина од запишаните избирачи на ниво на општина, ќе се повтори целиот прв изборен круг и тоа во рок од 60 дена од денот на објавувањето на ...
Во Општина Гостивар, локалните избори за градоначалник не успеаја да ја исполнат законската граница за цензус, откако излезноста изнесуваше 33,31%, односно за околу дваесетина гласа помалку од потребната една третина.
Првиот круг од локалните избори ќе се повтори во три општини, бидејќи во нив немаше доволна излезност. Според Изборниот законик, за да има победник или втор круг мораа да гласаат минимум 33,33% од избирачите.