Најдобриот македонски ракометен колектив, тимот на Вардар го продолжува својот пат во Лигата на Шампионите сезонава. На програмата е новото коло во кое што во Скопје пристигнува, искусната, квалитетната и сериозно инспирираната екипа на Висла Плоцк.
Вардар 1961 во четврток го очекува нов европски предизвик. „Црвено-црните“ во „Јане Сандански“ ја пречекуваат Висла Плоцк во третото коло од Лигата на шампионите , со желба по двата тесни порази конечно да стигнат до првите бодови во елитното натпреварување.
Навивачите на Вардар во четврток ги очекува дополнителна причина за доаѓање порано на натпреварот против Висла Плоцк во Лигата на шампионите. Два часа пред почетокот на дуелот, на платото пред салата ќе биде поставена голема црвено-црна фан зона, каде што вардарци ќе можат ...