Најдобриот фудбалер на штотуку завршеното Светско првенство, Родри, ги договори личните услови со Барселона, но кога се чинеше дека на трансфер-сагата ќе ѝ дојде крајот, Манчестер сити ја одби првата понуда од Каталонците.
Родри (30) треба да ја продолжи кариерата во Барселона, а не во Реал Мадрид, како што се предвидуваше долго време. Шпанскиот репрезентативец официјално ја соопшти својата одлука на раководството на мадридскиот клуб, кое неодамна му презентираше богата финансиска понуда.
Заминувањето на еден од најдобрите дефанзивни играчи од средниот ред во светот е голем удар за „граѓаните“, поради што потрагата по соодветна замена е веќе во полн ек. Според информациите од угледниот италијански новинар Џанлука Ди Марци, тренерот на Манчестер Сити, Енцо ...
Спортскиот директор на Барселона, Деко, вчера беше во Мадрид каде што се сретна со агентот на Хулијан Алварез, но тоа не беше единствената средба што ја имаше бидејќи протекоа детали за можна „кражба“ која Каталонците се обидуваат да ја направат.