Самостојната изложба на слики „Ултрамарин“ на ликовната уметница Јана Куновска ќе биде отворена денеска во 20 часот во Изложбениот салон „Империјал 1“ при Културно-информативниот центар (КИЦ) – Скопје. Поставката ќе може да се погледне до 24 јуни.
„Ултрамарин“ е насловот на самостојната изложба на слики од Јана Куновска што ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Културно-информативниот центар во Скопје. Таа ќе се претстави со 12 дела, „Птици“ изработени годинава.