Со полагање цвеќе пред спомен-обележјето на Живко Чинго, во Охрид ќе биде одбележан животот и творештвото на еден од значајните македонски писатели. Во рамки на програмата е предвидено обраќање на претставник на Општина Охрид, како и доделување на наградата за најдобар расказ.
Општина Охрид, ООУ „Живко Чинго“ и Месната заедница Велгошти ве покануваат на традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која ќе се одржи на 13 август 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во атарот на црквата „Света Петка“ во село Велгошти.