Бед Бани испиша историја на првата вечер од годинашните Еми награди, освојувајќи ги сите седум награди во категориите во кои беше номинирана специјалната емисија од неговиот настап на полувремето на Суперболот, пренесува „Варајети“ .
Американската пејачка Сабрина Карпентер и порториканскиот пејач Бед Бани ги освоија првите Еми награди во своите кариери, со што стигнаа на половина пат до статусот ЕГОТ, освојување на Еми, Греми, Оскар и Тони.
Со седумте награди, шоуто на Бед Бани го собори досегашниот рекорд од три Еми, поставен во 2022 година за настапот на полувремето на Суперболот со Др. Дре, Снуп Дог, Мери Џеј Блајџ, Еминем, Кендрик Ламар и 50 Сент.
Сабрина Карпентер ја освои својата прва Еми награда на првата вечер од доделувањето на наградите Еми за креативни уметности, а музичарот Бед Бани беше меѓу победниците. Карпентер победи како извршен продуцент и изведувач на специјалната емисија на Дизни+.

Сабрина Карпентер и Бед Бани постигнаа нови големи успеси во своите кариери – двајцата ги освоија своите први Еми награди на првата вечер од годинешните награди за креативни уметности во Лос Анџелес. Особено успешна беше вечерта за спектаклот „The Apple Music Super Bowl LX ...