Партијата на Бојко Борисов, ГЕРБ, со вистинска канонада од зборови го осуди инцидентот со палењето на бугарските автомобили во Скопје и преку декларација изјави дека тоа не бил напад само врз земја-членка на ЕУ, туку и на самата Унија.
Пратеникот од пратеничката група на ГЕРБ-СДС и поранешен министер за надворешни работи Георг Георгиев, рече дека нема да бидат разбирачки расположени, ниту трпеливи, ниту толерантни кон каква било манифестација на насилство.
Бугарскиот пратеник Ангел Георгиев од тамошната партија со националистички и контроверзни ставови кон Македонија, „Преродба“, на маргините на бугарскиот парламент, во коментар за палењето на дипломатските возила на бугарската амбасада во Скопјe, рече дека ќе му предложи на ...