Науката не мора секогаш да започне во лабораторија, ниту пак уметноста да остане затворена во галерија или арт-студио. Понекогаш, доволни се црн фломастер, малку вода и едно едноставно прашање за да започне вистинско истражување.
Во рамките на Европската ноќ на истражувачите – Гринстарс „ИЗБЕРИ НАУКА! ГРАДЕЊЕ НА ОПШТЕСТВОТО ПРЕКУ НАУКА И ИНОВАЦИИ“, која на 25 септември 2026 година ќе се одржи и во Битола, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, како дел од Европската универзитетска алијанса ...