Штрајкот на грчките царински службеници заврши, а сообраќајот на сите три гранични премини меѓу Македонија и Грција повторно се одвива нормално. Протестот ги опфати премините „Евзони“ („Богородица“), „Ники“ („Меџитлија“) и „Дојрани“ („Дојран“).
Грчките цариници денеска штрајкуваа од 5:00 до 9:00 часот. Иако штрајкот заврши, се формираа големи гужви, па затоа е потребно трпение за сите во близина на граничните премини меѓу Македонија и Грција. Премините сега се отворени, но се формирани големи редици.
Ако не се постигне договор меѓу синдикатот и грчката влада, синдикатите можат да организираат нови прекини на работата Во екот на туристичката сезона, грчките цариници утрово штрајкуваа четири часови, односно од 5 до 9 по македонско време.
Царинските службеници на грчките гранични премини денеска ќе штрајкуваат во периодот од 5 часот до 9 часот наутро. Според најавите, трите гранични премини со Македонија ќе бидат затворени, а возила ќе се пропуштаат на секои десет минути.