Башкими конечно се израдува на првата победа во новата сезона, откако на гостински терен го совлада Скопје со 1-2. Кумановци одиграа сигурен натпревар и со головите на младиот Рашид и капитенот Адис Мурати ги освоија првите три бода.
Три бода во првите пет кола освои тимот на Скопје по враќањето во прволигашка конкуренција, а денеска се надева дека ќе стиге и до првиот триумф. Составот на Муарем Муарем се среќава со последнопласираниот Башкими и е фокусиран да го оствари првиот триумф.
Во Првата македонска фудбалска лига, попладнево ќе се игра еден натпревар. На теренот крај ФФМ, екипата на Скопје ќе биде домаќин на Башкими. Ова е дуел на двете последно пласирани екипи на табелата, кои во изминатите пет кола не се израдуваа ниту еднаш.