Услови за невреме со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и појава на град, најавува Управата за хидрометеоролошки работи за денеска. Според објавената мапа, појасот од Маврово, преку тетово, Скопје, до Крива Паланка е мирен, но сите други области се во ризик од невреме.
Според УХМР, во попладневните часови на места се очекува појава на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Граѓаните се предупредуваат на внимателност, особено во периодот на најинтензивните атмосферски појави.
Минималните температури ќе се движат од 8 до 20 степени, а максималните од 30 до 39 степени. Само во вторник се очекува локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува дека следува период на стабилно и потопло време.
Утре и во четврток наместа низ Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Темепратурата ќе опадне за неколку степени, соопштуваат од УХМР.
Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и наместа услови за краткотрајно невреме со силен ветер и појава на град, информира УХМР.
Шеталиште - Национално - ПРВ.мк - Проверено - 24 Вести - Скопје1