Новинарот на телевизијата Н1, Младен Саватовиќ, повторно се соочи со закани на улица додека извршуваше работна задача. Овој пат беше нападнат од Момчило Мандиќ, таткото на Владимир Мандиќ – поранешен ракометар и истакнат член на Српската напредна странка.
Независното здружение на новинари на Србија (НУНС) остро ги осудува денешните напади, закани и попречувања насочени кон новинари во Крагуевац, Бечеј и Белград. Александра Костиќ, новинарка на информативниот портал „Глас Шумадије“, беше вербално нападната и ѝ беа упатени закани ...