Американските ријалити ѕвезди Блејк Хорстман и Џанина Гибели се венчаа на 20 јуни во Ровињ, во присуство на семејството, пријателите и неколку познати учесници од ријалити шоуа. Парот пред свадбата престојувал во Венеција, а потоа организирал забава во познат бар во Ровињ.
Ѕвездата од првата сезона на хит-серијата на Нетфликс „Љубовта е слепа“ (Love Is Blind), Џанина Гибели (33) и Блејк Хорстман (37), познат по учеството во популарните американски ријалити шоуа ја крунисаа својата љубов со брак.