Не му одеше со Скопје, но затоа уште на првиот меч откако се врати на клупата на Башкими, Муарем Муарем покажа дека си ја знае работата. Неговиот тим вчера против Струга ТЛ, против еден од претендентите за највисок пласман и тоа како покажа сила.
Башкими беше тоален аутсајдер пред почетокот на мечот, но успеа да направи сензација и да ја победи Струга Трим Лум во Куманово со 2-1. Колку е тоа голем резултат доволно говори и фактот дека стружани на двата последни натпревари против Башкими постигнаа 11 гола и не примија ...
Екипата на Башкими, денеска во рамките од последниот меч од тековното ПМФЛ коло, на свој терен во Куманово го совлада фаворизираниот тим на Струга ТЛ. Иако имаше негатива, домаќинот успеа на овој меч не само да израмни, туку и да дојде и до комплетен пресврт.