Уганда ќе воведе 21-дневен карантин за своите граѓани кои се враќаат од Демократска Република Конго и претходно престојувале во таа земја, каде што е регистрирана епидемија на ебола. Ова го соопшти денеска министерот за здравство на Уганда, Крис Бариомунси, пренесува Танјуг.
Во Демократска Република Конго во петокот, првото лице прими експериментална вакцина против смртоносниот вирус Бундибугио, еден од соевите на вирусот ебола, објавија Универзитетот во Антверпен и Институтот за тропска медицина, чии тимови учествуваат во работата на терен.
Кенија го регистрира вториот смртен случај од ебола, а седум лица заразени со вирусот и натаму добиваат медицинска помош во болница, соопшти Министерството за здравство во Најроби. Починатата 65-годишна жена развила симптоми во периодот кога била ставена во карантин, откако било ...
Жената на која ѝ беше дијагностицирана ебола оваа недела во Нигерија е сопруга на швајцарски дипломат стациониран во Абуџа. Швајцарското Министерство за надворешни работи потврди за Ројтерс дека таа е швајцарска државјанка родена во Уганда.