Шкендија Арачиново е подготвена да испише уште една историска страница во елитата на домашниот фудбал. Овој петок, екипата ќе го одигра својот прв натпревар како домаќин во ПМФЛ, каде на стадионот во Чаир ќе ги одмери силите со тимот на Силекс.
По десетдневна пауза, од стартот на новата сезона, од денеска до недела, нови натпревари во Првата фудбалска македонска лига. На програмата се дуелите од второто коло, кои ќе биде отворено попладнево со дуелот во Чаир.
Возбудувањата во второто коло од Прва фудбалска лига на Македонија ќе започнат денеска, со мечот меѓу Шкендија Арачиново и Силекс. Бидејќи тимот од Арачиново нема право да игра на своето игралиште, мечот против кратовци како домаќин ќе го игра на стадионот во „Чаир“.