АБА-лигата конечно стави крај на неизвесноста околу продолжението на сезоната 2026/27. По решавањето на сите прашања поврзани со организацијата на судењето, од лигата потврдија дека натпреварите од второто коло ќе се одиграат според претходно утврдениот распоред.
По одложувањето на стартот на новата сезона, АБА лигата донесе одлука второто коло да се одигра според претходно утврдениот распоред. Од регионалното натпреварување потврдија дека натпреварите од второто коло ќе се играат во веќе закажаните термини.
АБА лигата испрати подобрена понуда до 63-цата судии, но наместо конечен одговор, од нивна страна пристигна нов компромисен предлог. Рокот за одговор истече на 28 септември на полноќ, а изјавата на судиите била испратена следниот ден околу 12 часот.
АБА-лигата се најде во сериозна криза откако судиите ја одбија понудата од раководството на регионалното натпреварување. Според српски „Спорт клуб“, доколку не се најде итно решение за судењето во второто коло, целата сезона би можела да биде доведена во прашање.
Преговорите меѓу раководството на АБА лигата „АдмиралБет“ и кошаркарските судии не донесоа решение за спорот, поради што одржувањето на второто коло од регионалното натпреварување во моментов е под голем знак прашалник.