Новите столчиња што албанскиот премиер Еди Рама ги постави како повик за дијалог со незадоволните студенти, повторно беа искршени утрово. Рама претходно ги замени столчињата што студентите ги оштетија за време на протестот, повикувајќи ги на разговор и порача дека ...
По осум дена насилни протести, албанскиот премиер Еди Рама најави регистар на лица што учествуваат во насилство, можни ограничувања за патувања и обврска родителите да ја надоместуваат штетата предизвикана од нивните малолетни деца.
Оркестрирано насилство“ ги нарече албанскиот премиер Еди Рама протестите во Тирана, што до попладнево минуваат мирно. Но, жители на градот и дел од оние што беа на улица велат дека вообичаено протестот ескалира во попладневните часови кога се приклучуваат маскирани момчиња.
Од почетокот на протестите во Албанија, на 13 октомври, повредени се вкупно 310 лица, вклучувајќи 191 полицаец, јавија албанските медиуми повикувајќи се на албанското Министерство за здравство. Само двајца од повредените се хоспитализирани.