Бројни влади и компании во Европа повеќе не сакаат да се потпираат на Starlink – технологија развиена од SpaceX, компанијата во сопственост на ексцентричниот милијардер Илон Маск. Како резултат на тоа, тие ги засилуваат напорите за спротивставување, и тоа на најмалку пет фронта.
Европските влади и компании бараат начини да ја ограничат зависноста од американските технологии. Од создавање европски конкурент и контрола врз сателитските фреквенции до сопствена мрежа и построги регулативи, СпејсИкс се соочува со притисок од повеќе страни.
Ограничувањето на сателитската врска предизвика проблеми со украинските дронови-пресретнувачи и повторно го отвори прашањето за зависноста на воените операции од технологија на приватни компании. Војната во Украина покажа колку современите воени операции зависат од сателитските ...