Александар Лазаров – Цуна, кој пред четири дена избега преку прозорец од полициската станица во Кочани, доцна вечерва е пронајден и приведен, дознава „Скопје1“ од свои извори во Министерството за внатрешни работи.
Левица преку соопштение обвини дека бегството на Александар Лазаров – „Цуната“, по кого Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница, претставува уште еден доказ за нефункционалноста на институциите и побара политичка одговорност.
СДСМ денеска преку прес-конференција побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, обвинувајќи го за, како што велат, целосен распад на безбедносниот систем по бегството на Александар Лазаров – „Цуната“, по кого МВР распиша меѓународна потерница.
СДСМ преку соопштение обвини дека лицето познато како Цуната, кое според партијата е осомничено за трговија со дрога, било пуштено да избега од државата и побара политичка одговорност од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.