Пред консумирање, овошјето и зеленчукот секогаш треба темелно да се измијат под млаз ладна вода. Според американската Администрација за храна и лекови (FDA), тоа е најважниот чекор за отстранување на нечистотии, дел од микроорганизмите и остатоци од површината.
Миењето на овошјето и зеленчукот под проточна вода останува основната препорака за отстранување нечистотии и дел од остатоците од пестициди. Но, многумина дома користат и сода бикарбона или оцет, верувајќи дека така храната се чисти подобро.