Додека државните претставници на Македонија секој ден наоѓаат начини за соработка, јакнење на билатералните односи, јакнење на позицијата на државава на меѓународна сцена како што се деновиве активностите на министерот Муцунски во Дубровник, дома го имаме опозиционерот Венко ...
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, со месеци се обидува да изгради јавна слика заснована на европски вредности, но само кога, како што велат, тие можат да се искористат за критика на сопствената држава.
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција упати остри критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го за молк по објавувањето на документот со чувствителни информации од страна на Бугарија.