СЕ ТОПИ ОПТИМИЗМОТ КАЈ ПРЕМИЕРОТ, ОПОЗИЦИЈАТА НАСТАПУВАЛА СО РАДИКАЛНИ БАРАЊА Премиерот Мицкоски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да прифати една изборна единица и зголемување на средствата за помалите партии доколку се постигне договор за нов Изборен законик.
На прашањето за која политичка партија ќе гласате на следните избори, најголем процент од граѓаните одговориле „нема да гласам“ (28%), покажува анкетата на , направена од агенцијата Маркет Вижн. За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 20,5%, за СДСМ 6,2%, а за Левица 2,9%.
Од 10 до 27 јуни, анкетарите на агенцијата „Маркет Вижн“, по нарачка на MKD.mk , спровеле истражување на јавното мислење во Македонија, кое покажува дека владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер и понатаму имаат убедлива предност во довербата кај гласачите.