Слабостите во изготвените вештачења на кои јавниот обвинител од ОЈО ГОКК ја темелел својата одлука за да ја запре истрагата, се истакнати како причина за одлуката на Вишото јавно обвинителство Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) ...
Паноптикум - Пари - Фокус - Мета - Журнал
Вишото јавно обвинителство Скопје ја укина наредбата со која беше запрена истрагата за набавките на мазут за ТЕЦ Неготино и го задолжи Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да продолжи со постапката.
Случајот со набавките на мазут за ТЕЦ Неготино за само година и пол помина низ цел круг – од голема полициско-обвинителска акција и притвори, преку гаранции и ослободување на осомничените, до целосно запирање на истрагата, а од денес повторно е активен.
Надлежен јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје донесе Решение со кое го уважи приговорот на АД Електрани на Северна Македонија против Наредбата за запирање на истрага за кривични дела – Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување договор за јавна набавка ...