Пејачката остро ги осуди навредливите коментари насочени кон луѓето кои на плажа поставуваат крпи наместо да изнајмат лежалки, носат храна приготвена од дома и внимателно го планираат секој трошок за да можат барем неколку дена да уживаат покрај морето.
Преку видео на ТикТок, познатата пејачка своевремено ги искритикува сите што ги исмејуваат туристите кои постилаат пешкири на песок, си носат јадење од дома и го поминуваат скромно одморот. Нејзината изјава и денес се споделува на социјалните мрежи.