Арсенал за првпат победа на „Енфилд Роуд“ по пауза од 14 години и успеа да го скрши проклетството на гостувањата кај Ливерпул, а тоа воедно беше и прва победа за Микел Артета на гостински терен кај големиот ривал.
Арсенал повторно го презеде врвот на англиската Премиер лига, откако вечерва го совлада Ливерпул со 1:0 на „Енфилд“, во дербито од деветтото коло. Херој на лондонскиот тим беше Каи Хаверц, кој го постигна единствениот гол во 16. минута, по асистенција на Деклан Рајс.
Фудбалерите на Арсенал го победија Ливерпул на „Енфилд“ со 0:1 во деветотот коло од Премиер лигата. Ова е прва победа за Микел Артета како менаџер на Арсенал на „Енфилд“ и прва победа на „топџиите“ во Ливерпул по пауза од 14 години.