Министерот за здравство, Сашо Клековски, конечно признава дека ПЕТ/КТ не работи повеќе од еден месец, но сега се обидува проблемот да го претстави како техничка игра на зборови: „скенот не е расипан, проблемот е во циклотронот“. За пациентот со рак, оваа разлика е бесмислена.
„Единствениот државен ПЕТ-скенер не работи повеќе од еден месец. Онколошките пациенти повторно чекаат, повторно се праќаат на приватно, повторно плаќаат илјадници евра за дијагностика без која не може да се води терапија.
– Министерот за здравство Сашо Клековски вечерва изјави дека ќе биде направено сè што е можно за неколку дена да бидат обезбедени суровините што се неопходни за работа за циклотронот каде што се произведува средството што е неопходно за снимање на ПЕТ-скенот, кој не работи ...
Опозициската СДСМ обвини дека единствениот државен ПЕТ-скенер во земјава не работи повеќе од еден месец, поради што онколошките пациенти повторно се упатуваат на приватна дијагностика. Во партиско соопштение СДСМ тврди дека пациентите со малигни заболувања повторно се соочуваат ...