Романија го повика рускиот амбасадор на разговор по новата интервенција на ловците Ф-16 и соборувањето на иранскиот модел Шахед. Романската армија собори уште еден ирански дрон Шахед над Црното Море, со што ова е трет соборен беспилотен објект за три дена.
Романскиот претседател Никушор Дан денеска ја обвини Русија за нарушување на романскиот воздушен простор, откако романската војска по третпат во последните три дена собори беспилотно летало што влегло на територијата на земјата, која е членка на НАТО и Европската Унија.
Романските воздухопловни сили собориле уште еден дрон што неавторизирано навлегол во воздушниот простор на Романија, соопшти денеска Министерството за национална одбрана. Станува збор за трет таков случај во последните три дена.