Фудбалерите на Работнички и Пелистер се изборија за победи на денешните средби од десеттото коло во Втората македонска лига. Работнички го претходната рунда го загуби дербито со Охрид и денеска му беше потребен триумф против тврдата и незгодна Беласица која допатува во Скопје ...
Пелистер и Работнички продолжуваат со сигурни игри и победи во Втора лига. Екипите кои минатата сезона испаднаа од елитното фудбалско друштво на Македонија, сега имаат една мисија, а тоа е ако може експресно да се вратат меѓу најдобрите.
Попладнево се одиграа уште четири средби од 10.коло во ВМФЛ. Работнички како домаќин славеше убедлива победа од 3:1 против Беласица. Стрелци на головите беа Богданоски два и Стефановски еден. Со овие три бода тимот од Градски парк и натаму е трет на табелата.
Пелистер продолжува да го следи ритамот на лидерот Охрид и со нова голеада ги потврди високите амбиции сезонава. Битолскиот тим на домашен терен немаше поголеми проблеми против Детонит Плачковица, совладувајќи го со убедливи 6-1.