Првиот човек на „Амазон“ Џеф Безос, наводно купил пентхаус со шест спални соби во новиот комплекс „Аман“ кој наскоро треба да се отвори. Со цена од 12.000 долари по квадрат , ова би бил најскапиот стан икогаш продаден во Лос Анџелес, пишува „Холивуд репортер“.
Глобалната елита отиде на следното ниво на купување недвижности и масовно се продаваат соседни парцели за да се преземе целосна контрола врз просторот, да се обезбеди приватност и да се создадат недопирливи мегатврдини.