„Децата“ на Филипче, кои ги претставува како деца на Македонија во Ново Село, се лица кои се правосилно осудени на условни казни затвор за насилство и за поседување дрога и наркотични средства, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Лицата кои лидерот на СДСМ, Венко Филипче, вчера во Ново Село ги нарече „деца“ се осудени насилници и трговци со дрога, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. Тој обвини дека Филипче со вчерашната прес-конференција во Ново Село се обидел да го сврти ...
Претседателот на СДММ, Трајче Стојчевски, на денешната прес-конференција обвини дека млади активисти на СДСМ биле физички нападнати во Ново Село додека мирно држеле транспарент поврзан со, како што наведе, состојбата со водата за пиење во Гостивар.
Итна реакција од Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи побара претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по вчерашниот инцидент во струмичко Ново Село, каде што, според партијата, млади активисти на СДСМ биле нападнати од симпатизери и членови на ВМРО-ДПМНЕ.