Септември е месец на премин од лето кон есен, но тоа не значи дека работата во градината завршува. Напротив, периодот е погоден за берба, подготовка на почвата, садење и заштита на растенијата од првите постудени денови.
Септември не е само месец за собирање на летниот род. Почвата сè уште е загреана, дневните температури овозможуваат брзо никнување, а посвежите ноќи им одговараат на зеленчуците што не ја поднесуваат големата летна жештина.